Рекоа...

 

 

petar-temelkovski Актер при Драмски театар Скопје

 

Македонската историја во своето долго паметење, во своето повеќемилениумско постоење секогаш имала светла точка од која се излачувале спектакуларни знакови во форма на свидетели за вечноста на времето! Таква светла точка што го означува своето време се и приказните на доктор Жан Митрев за најголемиот македонски цар Филип Втори и неговиот генијален син Александар!

 

Станува збор за исклучителна и несекојдневна творба која треба да се пренесува од генерација на генерација како литературна доблест, како национален аманет и како цивилизациска одговорност! И кога Џорџ Елис 1975 година во својот научен труд „Филип Втори и македонскиот империјализам“, ни стави до знаење дека на четвртиот век пред Христа потребно му е македонско гледиште, ние ни на крај памет немавме дека тоа ќе го стори нашиот светски прославен кардиохирург со своето чисто македонско срце, со својата блага македонска душа и со својот прекрасен македонски ум!

 

Петар Темелковски
Актер при Драмски театар Скопје